СИЕТЛ (Ројтерс) - Еден 45-годишен човек во Сиетл починал откако имал анален секс со коњ на фарма за која постои сомневање дека е збиралиште на луѓе што сакаат да имаат секс со животни. Коњот, кој всушност бил арапски пастув, не бил повреден во инцидентот, а аутопсијата врз жртвата покажала дека смртта била несреќен случај и настапила поради продупчување на дебелото црево.
Полицијата ги прегледува видеолентите со стотина часови снимки кои биле одземени од фармата во руралната област Енумкло. Лентите што досега биле порегледани покажуваат снимки на мажи кои имаат секс со коњи, меѓу кои е снимен и човекот кој починал на 2 јули. Лентите се прегледуваат за да се утврди дали бил прекршен законот.
"Дојдовме до сознание дека луѓето можеле да го најдат местото преку сајтовите за муабети на Интернет", велат од локалната полиција, но не можат да прецизираат колку време се случувало тоа, иако се знае дека човекот кој раководи со фармата ја зел под наем за шест години.
Истрагата исто така не утврдила дали се плаќало за сексот.
Иако сексот со животни не е забранет со закон во американската држава Вашингтон, како и во уште 16 држави во САД, се води истрага за да се утврди дали бил повреден поситниот добиток на фармата, која се наоѓа 64 километри од Сиетл, што би се водело како суровост кон животните и е казниво со закон. Полицијата во истрагата ги опфатила и двајцата мажи кои живеат на имотот на кој освен коњи има и кокошки, кози и овци.
"Ако се работело со овци или кози, би можело да се поднесе кривична пријава", велат од полицијата.
Властите за фармата дознале дури на 2 јули кога во Општинската болница во Енумкло бил донесен човек кој барал медицинска помош за свој пријател. Човекот починал пред да му биде укажана помош. Кога болничките работници го побарале пријателот кој ја донел жртвата, тој веќе бил заминат.
Соседите не знаеле дека нивниот амбар и коњите се користеле за секс, и се згрозиле кога полицијата им кажала што се случувало во нивното соседство.
Оригиналът: http://www.vest.com.mk/default.asp?i...ka=Kaleidoskop